Nissan го лансираше првиот сериски кросовер Juke-R. Со склопување на возилото се занимаваше компанијата која го подготви и прототипот на моделот – RML. Истата компанија работела и на подготовка на тркачки автомобили на тимот на Chevrolet за светскиот шампионат за туристички автомобили WTCC.
Специјалистите од европскиот центар за дизајн на Nissan малку ја промениле надворешноста на возилото во споредба со виденото досега кај прототипот. Различни се предниот браник и маската, дифузерите, а предните и задните отвори се направени од карбон.
Кросоворот располага со 3,8 литарски шестцилиндерски турбо мотор со моќност од 550 КС, кој се комбинира со 6 степен менувач со двојна кохезија. Погонот е на сите четири тркала, а внатрешноста е позајмена од Nissan GT-R. Од 0 до 100 km/h забрзува за 3 секунди, а максималната брзина и е 270 km/h.
Прототипот Juke-R располагаше со 485 КС и забрзувањето до стотка беше 3,7 секунди. Оваа верзија е помоќна и веќе има својот прв клиент. Тој е од Европа, каде кросоворот ќе чини околу 500.000 евра. Од Nissan одбија да го соопштат името на сопственикот и ја потврдија својата намера да пуштат лимитирана серија од овој модел.
Објавено во соработка со Авто Плус.