Мицкоски најави бришење на позицијата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но не се оградува од Груевски

Точно е дека во новиот предлог-статут на ВМРО-ДПМНЕ се укинува статусот на почесен претседател на партијата, но заедно со уште неколку други, потврди лидерот на најголемата опозициска партија – Христијан Мицкоски, во гостувањето на „24 Отворено“ на „тв24“.

Иако самото бришење на позицијата по автоматизам ќе значи дека експремиерот во азил/бегство – Никола Груевски, веќе нема да биде почесен претседател на партијата, Мицкоски, прашан дали тоа е оградување од претходниот лидер, одговори:

„Не, тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на статутите на нашите сестрински партии“.

Тој посочи дека ова е еден од аспектите поради кои е горд на новиот статут и им препорача и на другите партии да го разгледаат, откако ќе биде донесен, за да им служи за пример за тоа како треба да се демократизираат.

Прочитајте и:  Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

Ни по повтореното прашање дали укинувањето на почесниот претседател е обид за дистанцирање од политиките на Груевски, новинарот не успеа да извлече ништо освен дрзок одговор од Мицкоски, по што следуваше и „дрско прашање“. Погледнете ТУКА.

- Реклама -