Тачи: Во кулоарите ДУИ отворено зборува зошто се плаши од попис

Стравот од попис кај ДУИ е видлив и за граѓаните, бидејќи е и реален, вели лидерот на ДПА – Мендух Тачи, во гостувањето во „10минути“ на „ТВ21“. Според него, иако ДУИ јавно не го признава тој страв, во разговорите зад кулисите отворено зборува за причините.

Како што тврди Тачи, ДУИ се исплашени дека процентот на етнички Албанци во земјава може да се покаже под 20%. Тој не ја отфрла можноста таквата бројка да е вистина, но тоа би повлекло и еден друг заклучок:

„Оваа вистина открива и една друга вистина – дека од 2001 година, ова 18-19-годишно политичко и владеачко дејствување на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20%, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале. И тоа е еден многу цврст аргумент“, изјави Тачи.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

 

- Реклама -