Дали Никола Попоски би го потпишал Преспанскиот договор?

„Мораме да бидеме свесни дека ова е договорот кој ни го обезбеди членството во НАТО. Било какво одбивање на овој договор ќе значеше немање членство во НАТО“, вели поранешниот министер за надворешни работи – Никола Попоски, во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“, прашан дали тој би го потпишал Преспанскиот или некој договор нему сличен.

„Тоа е факт. Договорот обезбедува членство во НАТО и тука има автоматизам. Едното со другото е поврзано“, вели Попоски, додавајќи дека кај членството во Европската унија не може да зборуваме за таква поврзаност. „Еве почнуваме преговори, но до нашето членство во ЕУ ќе протече уште многу вода низ Вардар“, вели поранешниот шеф на дипломатијата. Целиот одговор погледнете го ТУКА.

- Реклама -