Идеални есенски фризури

Без оглед на тоа дали со нанесување силиконски капки на влажна коса ќе постигете брановидна фризура, или, пак, краевите лесно ќе ги подвиткате, оваа есен е лесно да се биде ин. Всушност, опуштениот стил и негуваната коса се најважните адути за добар изглед оваа сезона.

Коњско опавче

Веќе неколку години по ред ова е решение кое не излегува од мода. Не е важно дали ќе го носите ниско или на самото теме, а навистина е многу практично, затоа што изгледа убаво, средено и практично на подиум, во теретана и во канцеларија, без досадни часови поминати на фризер.

Брановидна коса

Опуштено, безгрино, лесно и живо – тоа е дефиницијата на овогодишниот тренд на благо виткана коса. Доколку вашата коса не е природно целосно права, ќе биде доволно да ја оставите да се исуши самостојно, со што ќе го постигнете овој лежерен изглед. Исто така, меките бранови може да ги постигнете ако полувлажната коса ја извиткате во ситни плетенчиња и потоа со нив преспиете.

Шишки

Длабоките шишки се уште еден познат тренд, но никако не се препорачуваат за оние со брановидна коса.

Елегантна пунџа

Без оглед на тоа дали станува збор за секојдневна или, пак, фризури за вечерно излегување, малите и големите пунџи оваа сезона се најпопуларни. Ваше е да одлучите дали косата целосно ќе ја залижете или, пак, пунџата ќе ја оставите опуштена, помалку затегната.

Плетенки

Есенва плетенките се препорачуваат на сите припаднички на понежниот пол, а похрабрите може од две плетенки да направат пунџа. Ако ова ви е екстремно, направете таканаречен небесен ореол околу главата од неколку поситни плетенки или само една дебела.

Патец

Лесен е за одржување и нема потреба да минувате часови пред огледало или со четка за фенирање во рацете. Патецот на средина е идеален, при што горниот дел од косата е прикачен со шнола, а остатокот лесно паѓа надолу.

Натапирана коса

Со овој стил може да добиете волумен во косата, но ваква фризура бара малку повеќе труд и посветеност, не е за секој ден и се разбира, не е за секого!

- Реклама -