Мицковски до Заев: Ти си бил на нива кога тоа се учело

„Заев: Светска, балканска и туѓа историја присвојувавме како своја…

Оф бе Зоки, па секоја нација е xaлуцинациja, базирана на митови и преувеличени историски посебности. Така имаш мит за Венеција, мит за Дубровник, романтичарскиот мит за Грција, мит за Нацијата, култ кон Нацијата. Идејата е од повеќе конфликтуални идеологии, да се обедини нацијата ако може околу една, доминантна нарација. Затоа некад има и поделби или граѓански вojни.

Ама jeби га, ти на нива си бил кога тоа се учело. Не тропај за работи што не ги разбираш, и ако веќе сме држава, нација, тогаш мораме да имаме колку-толку усогласена верзија околу националниот идентитет. И да не тропаш како само ние да сме присвојувале. Можеме и да немаме усогласеност, и да се делиме ко мајмуни, додека вие политичарите профитирате од тоа. Ама нели помирување ќе правевте.

Абе Зоки, и атомот неделив бил пред 70 години, ама само затоа што не знаевме“, му порачува новинарот и гласен критичар на состојбите во македонското општество, особено во политиката, Ивор Мицковски, на премиерот Заев, во врска со неговата изјава во интервјуто за грчката ТВ „Алфа“.

„Инаку релативизаторите на власта, гвинт ќе свиткаат во бранење на секоја глупост на Заев. Ако ја прифаќате тезата дека Македонија tour court крадела туѓа историја, а кон историјата ревизионистички се однесувало само ВМРО, добро и естрадно Тупурковски, тогаш испаѓа дека нашата историско-национална релевантност ја црпите само од постапките на ВМРО, а кражбата им ја доверувате на сите“, продолжува Мицковски.

Во друг свој пост, Мицковски дополнително се надоврзува на „историското“, но од аспект на „историската“ неспособност на застарениот македонски политичко-партиски модел да одговори на потребите, погледите и барањата на граѓаните:

„Кога сме кај историското…
Тоа што е најевидентно во овие моменти е застареноста, штетноста, анахронизмот на нашиот политичко-партиски модел, каде постојат само официјалните вистини на двата партиски субјекти, поткрепени од нивните медиуми, апологети, релативисти и полтрони. Поддржани од нивните бизнис и медиумски врски, од нивното судство и сите луѓе што им слугуваат.

Со други зборови постоечкиот модел не е во состојба на одговори на сите останати вертикални и хоризонтални потреби на граѓаните, нивни погледи и барања. Системот е архајски, и во таа домашна мoчвapa, со исклучок на некои надворешно-политички аспекти, вашиот револуционерен Заев не е исушувач на барата, туку напротив, тој што барата ја претвори во езеро“, вели Мицковски.



- Реклама -