Заев: Македонците краделе туѓа историја

Премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.

– Во минатото со обидот да се промени и извитопери целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи со кои сме опкружени и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО. – изјави Заев.
Во однос на Договорот од Преспа истакнува дека нашата земја има намера да ги исполни сите обврски.

-Во самиот договор има услови ако една од страните не ги исполни своите обврски, како постапува другата страна. Но, нашата намера е да ги исполниме сите обврски, секако или како две страни во договорот, но истовремено да гледаме уште повеќе напред од овој договор. – вели премиерот.

- Реклама -