ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Русковска се обидуваат да ја измамат јавноста дека Боки 13 бил најмоќниот човек во државата

„Една недела по обелоденувањето на вториот октопод на СДСМ, Зоран Заев и Вилма Русковска се обидуваат да ја измамат јавноста дека Боки 13 бил најмоќниот човек во државата.

Заев и Русковска ги потценуваат граѓаните убедувајќи дека Боки 13-ка сам на своја рака, без никаква поддршка од власта и моќниците изнудувал милиони евра од бизнисмени. Односот на СДСМ кон граѓаните и медиумите е срамен и понижувачки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „ниту еден граѓанин на Република Македонија не верува дека човекот кој во својата политичка кариера три пати беше амнестиран за тежок криминал не бил вклучен во најголемата криминална афера во поновата македонска историја“.

Според најголемата опозициска партија, Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на СДСМ и човек кој кај себе го собрал целото криминално подземје и ѝ ја подарил државата на мафијата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Заев, „како и во сите претходни случаи на милионски криминал“, како што велат, стои зад аферата ‘Рекет’, а негова десна рака е обвинителката Катица Јанева која за него досега го спроведувала политичкиот прогон во Република Македонија, а потоа благодарение на бомбите на Заев рекетирала македонски политичари, бизнисмени и граѓани.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

„Кики и Фрики, Боки 13 и Зоки Кичеец се само пипците на овој криминал на столетието, пипците на октоподот каде главата е Заев.

За да се стави крај на безвластието во Македонија Зоран Заев мора да си замине. За да се врати правдата и да одговорат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да замине во политичка пензија“, стои во соопштението.

- Реклама -