„Независен“: За рекетот прв пријавил Заев, откако Камчев прво нему му се пожалил

Обвинителството за гонење организиран криминал го потврди она што премиерот на вчерашната прес-конференција го навести – дека тој лично го пријавил случајот откако бизнисмен, чие име не сакаше да го наведе, му се пожалил дека е рекетиран, односно уценуван.

Во изјава за „Независен весник“, првиот човек на Обвинителството – Вилма Русковска, потврдува дека премиерот Зоран Заев усно ги известил неа и јавниот обвинител, а понудил и да поднесе кривична пријава на записник. Сепак, тие го советувале наместо него, самиот сведок (за кој јавноста веќе е прилично сигурна дека е Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ на СЈО) да дојде во Обвинителството и да пријави.

Како што вели Русковска, која исто така не открива јавно за кој бизнисмен се работи, Заев го пријавил случајот во втората половина на април. Со оглед дека истрагата против Боки 13 е почната на 2 мај, најверојатно Камчев прво му се пожалил на Заев, па потоа го прифатил советот на обвинителите до премиерот и поднел кривична пријава во Обвинителството, констатира „Независен“. ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА.

Прочитајте и:  Заев единствен од Балканот спомнат во новите мемоари на Меркел, опишан е како храбар и решителен

 

- Реклама -