Тим од британски инженери тестира мотор, со кој ќе биде подоберен рекордот за најголема постигната брзина на земја. Специјалистите планираат моторот да биде поставен на болидот Bloodhound SSC, кој треба да развие повеќе од 1000 милји (1.609 km/h).
Моторот со тежина од 450 килограми и должина над 4 метри беше активиран само 10 секунди на статична пробна маса во специјален хангар на аеродромот во Њукиј. Под полна моќност тој разви влечна сила од 62.3 килоњутн тони (еквивалентно на 30-40.000 коњски сили), а нивото на бучава достигна до 185 децибела, што е неколку пати поголемо од она на полетување на авион Boeing 747.
Со автомобилот Bloodhound SSC следната година ќе биде направен обид за подобрување на рекордот за брзина на копно, која сега изнесува 763 милји на час (1227,9 km/h).
Bloodhound SSC ќе има хибриден ракетниот мотор во додаток на реактивен мотор од борбен авион Eurofighter. Машината располага и со мотор Cosworth, кој се користи за болидите од Формула 1. Тој, сепак, нема да се користи за погон, туку за вклучување на течниот оксидатор во коморта со елиса.
Обидот за новиот рекорд ќе биде направен на дното на исушено езеро во Јужна Африка. Автомобилот ќе биде управуван од пилотот на борбен авион, Енди Грин.
Објавено во соработка со Авто Плус.