(ФОТО/ВИДЕО): Руски морнари безгрижно се сончаат за време на блиската средба меѓу рускиот и американскиот воен брод

Денеска нема светска агенција која не извести за блиската средба на американскиот крстосувач USS Chancellorsville и рускиот разорувач Адмирал Виноградов во западниот Тихи океан.

Русите ги обвинуваат Американците дека им го пресекле патот на само 50 метри растојание пред нив, додека Американците обвинуваат дека Русите небезбедно им се доближиле одзади од бочна страна, на растојание од само 30 до 15 метри.

Во меѓувреме американската морнарица објави видеа од тензичниот инцидент, на кои покрај застрашувачкиот момент (со оглед на можните последици), Твитер корисниците забележаа и нешто доста интересно.

Како што се гледа од едното од видеата, додека рускиот брод му се доближува на USS Chancellorsville, на неколку од палубите можат да се видат релаксирани руски морнари како се сончаат. Погледнете во видеото (а повеќе детали и видео од поблиску ќе најдете ТУКА):

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

- Реклама -