Кинеската влада ги советува граѓаните: Не одете во САД, САД се злo и непријатели на светот

Кина им препорачува на своите граѓани да не одат во САД бидејќи биле зло, јавува CNN.

Во последните неколку денови кинеската влада издала неколку предупредувања во поглед на патувањето во Соединетите Американски Држави, а државните медиуми ја засилиле анти-американската реторика, пренесува американската ТВ мрежа. Таквите потези се само знак на понатамошното влошување на односите меѓу двете економски сили, кои веќе некое време се замрсени со трговската вojна.

А влошувањето и без тоа е рапидно. На 10 мај администрацијата на Трамп ги покачи царините на кинески производи во вредност од 200 милијарди долари за два и пол пати – од 10% на 25%. Набрзо ѝ објави „вojна“ и на телекомуникациската кинеска компанија Huawei. Кина исто така возврати со зголемување на царините за американските производи, во вредност од 60 милијарди долари.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Во март годинава, исто така, група републикански конгресмени пред американскиот Конгрес претставија предлог закон со кој на секое лице кое е вработено или студира во САД, а е спонзорирано од кинеската војска, ќе му се забрани студентска или истражувачка виза. Во вторникот, пак, кинеското министерство за туризам ги предупреди кинеските граѓани на ризиците при патувањето во САД, наведувајќи „чести yбиcтва, пpecтрелки и кpaжби“.

Но кинеската влада користи и други методи за да ги претстави САД како лоша и неправедна политичка сила. Во државниот медиум People’s Daily, на пример, во статија објавена во вторникот, САД се окарактеризирани како „непријател на светот“. Кинеската државна телевизија CCTV, пак, почна одново да прикажува стари документарни емисии со антиамериканска содржина и реторика.

- Реклама -