„Метлата“ заигра, ги собра сите 78 претседатели на општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска ги објави првите конкретните чекори од „промените коишто граѓаните ги очекуваат“. Како што соопшти тој, синоќа донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на Социјалдемократскиот сојуз.

„Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија.

На сите оние претседатели на општински организации каде што се победи на изборите, апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс што веќе уште идната седница ќе биде објавен во постапка“, им порача тој.

Како што рече, денеска ќе бидат изработени решенијата од страна на администрацијата во СДСМ, а во текот на денот премиерот и ќе ги потпише.

„Следуваат следните чекори во делот на промените, како ќе се носат така ќе ги објавуваме до граѓаните и до јавноста, токму преку вас медиумите.

Како што реков, почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, а тоа се јавните претпријатија, министерствата, владата и сите владини институции, а во политичкиот дел во мојата политичка партија, таму каде што јас сум директно надлежен, а тоа во изборот на претседателите на општинските организации, одлуката ја донесов, синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството, затоа тоа што тоа е мое право.

Прочитајте и:  Филипче по средбата со Сиљановска Давкова: Искрено посакувам ова да биде еден политички дијалог кој ќе стане пракса

Конечната одлука е токму таа, сите претседатели на општински организации, вкупно 78 претседатели на општински организации од 80 општини се разрешени и органите и телата на партијата веднаш ќе донесат одлука за отпочнување на постапка за избор на ново раководство.
Со разрешувањето на претседателите на општинските организации паѓаат извршните одбори на локално ниво заради тоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации.

Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани и постојат за да бидат добра алка на премостување и решавање на проблемите на граѓаните, сè со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што претстои пред нас“, порача Заев.

- Реклама -