Мајка во Германија се заканувала на ќерка со нож

6

Во Бремен, Германија, вчера попладне се случил страшен инцидент кога мајка се заканила со нож на својата деветгодишна ќерка и ѝ нанела повреди. Оваа ситуација предизвикала голема паника кај девојчето, кое во страв побегнало на балконот и се фрлило од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата била избегната благодарение на сосед кој успеал да ја фати пред да дојде до сериозни повреди.

Според полицискиот извештај, 62-годишниот сосед ја следел развојот на настанот од прозорецот и успеал да го спречи падот на девојчето во клучниот момент. Како резултат, девојчето имало само полесни повреди. Во моментов не се знае што точно ја предизвикало заканата во семејниот стан.

Полициските екипи кои пристигнале на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Жената, која има психички проблеми, е сместена на клиничко лекување. Моментално, девојчето е згрижено и се наоѓа кај својот татко.