Путин аминуваше закон кој забранува исмевање и навредување на државата

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша предлог-законот усвоен од рускиот парламент, со кој се забранува непочитување на државата.

Со законот се воведуваат казни за објавување на материјали кои покажуваат непочитување кон државата, државните симболи или државните органи. За прекршување на законот, прекршителите ќе се соочат и со можна казна од 15 дена затвор, пренесува „Асошиејтед прес“.

Покрај непочитувањето на државата, законот забранува и ширење на „опасни лажни вести“ на интернет. Секој што ќе објави „лажни вести“ и информации за кои се смета дека го загрозуваат јавното здравје или безбедност, ќе има рок од еден ден за да ги поправи или отстрани. Во спротивно, корисникот ќе биде блокиран.

 

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -