Во 2011 година Dunkin’ Donuts заедно со CareerBuilder се обидоа да дознаат која професија конзумира најмногу кафе.
По анкета во која биле опфатени 4700 американски работници тие дошле до заклучок дека „на некои професии им е потребно повеќе кафе од другите“. Помеѓу работниците опфатени во анкетата научниците и лабораториските техничари конзумирале најмногу кафе. Секој што работи, или работел, во научното поле најверојатно не е изненаден од овој резултат. Науката сепак е професија со 24 часовно работно време.
Експериментите често работат по распоред кој не се совпаѓа со ритамот на нормалните луѓе. Многу научници работат под огромен притисок за да ги објават своите резултати пред конкурентите. Ограничените финансии значат дека покрај експериментите научниците мораат да пишуваат и предлози за грентови.
Научниците се толку поврзани со својата работа што некои од нив дури и правеле истражување на тема колку истражување вршат научниците. Во август, тим кинески научници ги објави своите резултати од студија на работните навики на научниците. Нивниот заклучок бил дека научнците работат, и тоа многу. [The 15 professions that drink the most coffee]