„Еурактив“: Грција ќе го ратификува пристапниот протокол до 8 февруари, Македонија во НАТО уште во јули?

Симболично, Грција веројатно ќе биде првата земја што ќе го ратификува протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО. Грција планира тоа да го заврши до 8 февруари, откриваат извори за Euractiv.com.

Ваквата информација е во согласност со најавата од претставникот на НАТО од 28 јануари – дека за датумот на потпишувањето на пристапниот протокол ќе се одлучува во претстојните денови.

Ова практично значи дека Северна Македонија може да стане 30-та членка на НАТО алијансата уште на самитот во јули, под услов останатите членки исто така да ја забрзаат процедурата на ратификација, која обично трае околу една година, пишува порталот.

Според нивните извори, официјалниот текст на пристапниот протокол бил одобрен вчера, а 29-те постојани претставници во НАТО чекаат одобрување од своите земји за да го потпишат. Штом ќе биде потпишан, текстот на протоколот ќе биде испратен до секоја од 29-те земји членки, каде ќе биде ратификуван од нивните влади.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -