Вежба на американската авијација ги преплаши жителите на Нешвил (ВИДЕО)

Воен авион од моделот C-17 го преплаши пола Нешвил, Тенеси, летајќи екстремно ниско и блиску до кулите во центарот на градот. На крајот излезе дека било само обична вежба за планираното шоу при инаугурацијата на новиот гувернер на Тенеси закажана за 19 јануари. На жителите на Нешвил, меѓутоа, во прв момент не им изгледаше така, особено не на луѓето кои работат во деловните канцеларии во кулите над кои надлета авионот. Нив им прелета една друга мисла, која ги потсети на едно друго „прелетување“ – тоа од кобната 2001-ва, по кое американската нација никогаш не остана иста.

Реакциите на друштвените мрежи сосема очекувани и полни со гнев:

„Можат да нé предупредат за невреме, а не можат да нé предупредат на ова?“, прашува жителка на Нешвил.

„Аааа, значи проба билоооо… Е па добро тогаш, оправдано!“, иронично коментира друг.

Погледнете како тоа изгледаше. Вие не би се исплашиле?

- Реклама -