Почетокот на седницата за уставните амандмани одложен за во 15 часот

Иако почетокот на продолжението на 75. собраниска седница – на која на дневен ред се четирите уставни амандмани, беше закажан за во 13 часот, истата е одложена за во 15 часот.

Директна причина за одложувањето се средбите на премиерот Зоран Заев со осуммината пратеници од Независната пратеничка група, како и со пратениците на БЕСА на Билал Касами. Средбите се со цел да се изнајде задоволителен договор, пред сé околу барањата на БЕСА, и да се обезбеди двотретинското мнозинство т.е. 80 пратенички гласови за поддршка на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Државјанството останува „македонско/Граѓанин на…“, но се бара иновативно решение за да не се наруши етничкото чувство или етничката припадност на Албанците и другите етнички заедници, т.е. тие да не бидат Македонци, бидејќи не се Македонци, порача Заев.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови
- Реклама -