Заев: Се бара иновативно решение за Албанците да не се почувствуваат обесправени и дека се Македонци

БЕСА е принципелно поставена во однос на идентитетот, но од друга страна се и осумте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот, изјави премиерот Зоран Заев во врска со барањата на БЕСА околу државјанството. Тој потенцира дека државјанството не е етничка припадност и дека Билал Касами го знае тоа, но истовремено треба да се избегне и припадниците на другите етнички групи да бидат обесправени:

 

– Во делот на процесите на преговорите учествувам како претседател на СДСМ. Да не бидат лошо пренесени пораките. БЕСА е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е „Македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството „македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија“, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци. Државјанството не е етничка припадност, тоа треба да го разграничиме, но ние во преговорите (со Грција) баравме да се стави во формулацијата – македонско. И сакаме тоа да се задржи и еднаш за секогаш да се знае. Тоа го знае и Билал Касами. Но истовремено не сакаме припадниците на другите етнички групи да бидат обесправени. Да бидеме реални не е исто на албански „маќедонис“ и „македоник“, Македонец и на Македонија. Тоа е игра на зборови. Ако бидеме поинвентивни ќе изнајдеме решение и за овој проблем. Верувам дека ќе го најдеме.

Извор: Плусинфо

- Реклама -