Американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да тера меѓународна политика на Твитер. Денеска повторно ги нападна (вербално) американските сојузници, истакнувајќи притоа дел од причините за оставката на американскиот министер за одбрана – Џејмс Матис.
„До тие неколку сенатори што мислат дека не ми се допаѓа или не го ценам сојузништвото со другите земји, не се во право, ми се допаѓа и го ценам! Тоа што не ми се допаѓа, меѓутоа, е што многу од истите овие земји го искористуваат пријателството со САД, и од аспект на воена заштита, и од аспект на трговија.
Ние значително ги субвенционираме војските на многу МНОГУ богати земји ширум светот, додека во исто време овие земји тотално ги искористуваат САД и нашите даночни обврзници и трговија. Генералот Матис не го гледаше ова како проблем. ЈАС ГО ГЛЕДАМ, и во моментов проблемот се решава!“, напиша Трамп на Твитер.
To those few Senators who think I don’t like or appreciate being allied with other countries, they are wrong, I DO. What I don’t like, however, is when many of these same countries take advantage of their friendship with the United States, both in Military Protection and Trade…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 24, 2018
….We are substantially subsidizing the Militaries of many VERY rich countries all over the world, while at the same time these countries take total advantage of the U.S., and our TAXPAYERS, on Trade. General Mattis did not see this as a problem. I DO, and it is being fixed!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 24, 2018