Кина ќе гради „подводна колонија“ на вештачка интелигенција, неколку километри под површината на морето

Кинеските научници планираат во длабочините на Јужното Кинеско Море да изградат база која би ја управувале роботи и системи со вештачка интелигенција.

Базата би можела да биде првата „колонија на вештачка интелигенција“ во светот, а локацијата, наведуваат, би била некаде на длабочина од 6 до 11 километри под површината на морето.

Според планот, на базата би постоеле докови по теркот на вселенските станици, од кои роботски подморници би поаѓале во истражувачки мисии.

Таквите активности би биле повеќе од корисна со оглед дека водата претставува околу 70% од површината на Земјата, од кои досега се истражени не повеќе од само 1%, главно поради тоа што досега човештвото не располагаше со адекватна опрема која би се носела со тешките услови на големите длабочини.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

А истражувањето и запознавањето со случувањата во големите длабочини може да биде од големо значење – да помогне во продлабочено разбирање на климатските промени, во откривање на нови животински и растителни видови, па дури и во пронаоѓање на нови лекови.

Изградбата на таквата AI колонија на вештачка интелигенција, која би помогнала за нови откритија, би чинела околу 160 милиони долари – инвестиција што, според научниците, многукратно би се исплатела.

- Реклама -