
Власта стравува од криминалните афери кои ги откриваме
На денешната прес-конференција, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, истакна дека властите се под силен притисок и реагираат со напади кон него и неговото семејство.
„ДПМНЕ во рамките на својата кампања „Дефокус“ користи моји фотографии и написите за мене, при што вклучуваат и мојот татко, кој нема никаква врска со ситуацијата. Следниот чекор е да ми ја таргетираат целата фамилија,“ објасни Фрчкоски.
Тој објасни дека основата на нападите произлегува од откритието на криминалните шеми, особено во контекст на темата „мигранти за пари“. „Ова е само обид за дефокусирање. Да имаше некаква реална основа за обвинувања, тие одамна ќе реагираа. Тие се обидуваат да ги сокријат двете главни теми: ‘Мигранти за пари’ и забраната на слободата на говор, што ја усвоија со Резолуцијата, слично на Декретот од Третиот рајх.“
Фрчкоски нагласи дека борбата против криминалот и за вистината продолжува: „Верајте, ова е само почеток на откривањето на сите корупциски шеми и афери на ДПМНЕ. Откако поднесовме пријави за овие случаи, настана паника. Тие знаат дека ќе одговараат. Сега, АКТ ВИ ДИШЕ ВО ВРАТ! Борбата започна и нема да застане додека не ја ослободиме Македонија од криминалот и корупцијата,“ заврши Фрчкоски.



