Камерата на iPhone 5 има виолетов отсјај (видео)

Ако сѐ уште размислувате дали да купите iPhone 5, можеби треба да ги погледнете критиките кои се однесуваат на камерата на најновиот телефон од Apple, пред да ја донесете својата одлука.

Во новиот телефон, Apple го исфрли IR филтерот, што во одредени случаи предизвикува темните сенки да се манифестираат со виолетова боја. Сето ова е направено во име на потенкиот дизајн и не може да се поправи софтверски. Ниту пак можете да додадете филтер на смартфонот.

Постои уште една теорија која вели дека проблемите можеби се настанати поради новата, поиздржлива Sapphire леќа, која доаѓа во повеќе бои, а виолетовата би требало да е таа која ги предизвикува сите проблеми. Но, доколку се работи за проблеми поради немањето IR филтер; и тоа е нешто што не може брзо и едноставно да се поправи, Apple ќе се соочи со вистински PR кошмар, особено поради тоа што голем дел од маркетинг стратегијата им се темели на квалитетот на камерата.

- Реклама -