Недостатоци што се присутни и кај iPhone 5

Во поглед на спецификации и перформанси iPhone 5 е најдобриот производ на Apple до сега. Ова не значи дека го има квалитетот кој би можел да го има.

Сè уште има неколку работи кои корисниците би сакале да ги имаат и чувствуваат како да е веќе редно време да ги добијат.

NFC за мобилни финансиски трансакции

Наместо да постават NFC во iPhone, Apple одбра да го наметне сопствениот Passbook систем со кој можете да купувате разни билети. Системот подржува неколку (но дефинитивно не сите) задачи за кои можете да го користите NFC. На пример преку Passbook не можете да испраќате пари преку PayPal. NFC исто така дозволува и размена на содржини само со допир на два телефони. Оваа функција е присутна кај Samsung Galaxy S III.

Подобро решение за пишување текст, како Swype

Swype е присутен во сите Android телефони. Наместо допирање на секое копче, буква по буква, можете да го движите својот прст преку копчињата без да го подигнете од екранот. Резултатот е побрзо составување пораки.

Подршка за дополнителна меморија преку SD картички

Многу корисници би сакале да ја имаат опцијата да го зголемат капацитетот на меморијата од максималните 64GB. Но, трендот налага дека во блиска иднина ниедна Apple направа нема да добие подршка за екстерна SD картичка.

Опција со 128GB меморија

iPod Classic нуди 160GB капацитет, кој многу луѓе без никаков проблем ги наполнија. Сега откако iPhone стана лесна замена за стариот iPod. Луѓето би сакале да можат да ја имаат истата меморија и да не мора да ги оставаат своите омилени песни кога излегуваат од дома.

Прочитајте и:  ЕК бара усогласување на „Епл ајПадОС“ со обврските од Законот за дигитални пазари на ЕУ

Универзален док конектор

Никогаш не стана јасно зошто iPhone-ите не можат да користат стандарден USB порт и стандарден USB кабел. Сега iPhone 5 воведе нов микро-док конектор кој повторно има потреба од сопствен специјален кабел. Ако сакате да ги користите старите кабли мора да користите адаптер кој чини 29,99 долари.

Micro-HDMI порт

Повторно, ако сакате да извадите видео од својот телефон ќе ви треба специјален адаптер (освен ако купите Apple TV за 99 долари). Kindle Fire HD и неколку Android телефони користат micro-HDMI порт кој ви овозможува да го поврзете гаџетот директно со вашиот телевизор. Ова решение е полесно, подобро и далеку поевтино за корисникот.

Заменлива батерија

Батеријата на iPhone 5 има неколку подобрувања во однос на претходниците, но за корисниците кои го минуваат целиот ден со својот телефон тоаа не е доволно. Би било добро ако можете да носите наполнета батерија со вас за да ја замените онаа во телефонот кога ќе се испразни.

Кога сме веќе на таа тема, подобра батерија!

Батеријата на iPhone 5 трае колку онаа на iPhone 4S. Да, новиот телефон има поголема батерија, но новото 4G LTE радио и поголемиот екран користат повеќе енергија. Добро би било ако Apple употребеше подобра батерија во iPhone 5 како онаа во Droid Razr Maxx на Motorola. Razr Maxx трае неколку часа подолго од iPhone 5.

- Реклама -