Реновирањето на Сантијаго Бернабе е во тек, а „Кралевите“ почнаа од вецињата. Таму навивачите ги чека една интересна новина – привилегија да го следат мечот дури и додека се во тоалет.
Токму така. Се поставуваат нови писоари и на секој од нив ќе биде инсталиран LCD екран на кој ќе оди директен пренос од случувањата на теренот, сé со цел навивачите да не случајно пропуштат погодок или некој важен момент додека уринираат.
Интересно, Реал Мадрид не е првиот клуб кој се досети на ова. Први на дело идејата ја спроведоа челниците на исто така шпанскиот Леганес, на стадионот Municipal de Butarque.
Реновирањето на Бернабе ќе чини 400 милиони евра. Би требало да биде завршено до крајот на 2021 година, а стадионот, освен писоарите со екран, ќе добие и подвижен кров.