Специјалниот уредник за Нобеловите награди на шведската новинска агенција ТТ – Виктор Нумелин, во изјава за грчката агенција АНА-МПА, вели дека македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир.
Тешко е да се каже кој е кандидат, вели Нумелин, но јавна тајна е дека имињата на Заев и Ципрас не изоставуваат кога се зборува за наградата. Според уредникот, најчести теми оваа година се Корејскиот полуостров, миграцијата, но и ситуацијата меѓу Македонија и Грција и нивните меѓусебни преговори.
Нумелин вели дека Ципрас и Заев, или некој друг од вмешаните во преговорите, би биле идеални добитници на Нобелот за мир, но признава и дека резултатите од референдумот, т.е. неисполнетиот цензус, ги замрсуваат работите.
via Либертас