Не го ни знаевме, а веќе ни фали…

“Ме загрижуваше фактот дека во обичните некролози не добивате многу информации за тоа каква некоја личност била. Сакав луѓето да дознаат каков беше Гарет и ми падна на памет дека тој би можел да раскаже со сопствени зборови”, вели мајката Емили Матијас од Ајова за BBC.

На нејзин заеднички предлог со таткото, 5-годишниот Гарет си го напишал сопствениот некролог. Гарет прерано почина од редок вид на рак, и го остави светов во значаен дефицит (така да се изразиме) на детска невиност и љубов кон малите нешта во животот. Но, барем за утеха, таа продолжува да зрачи од интернет страната на погребалната служба на Ајова.

Таму Гарет опишува што најмногу сака:

“Играње со мојата сестра, палавиот зајак, треш метал, Лего коцки, пријателите од градинка, Бетмен и кога ме успиваат пред да ме приклучат на хемотерапија”.

Нештата кои најмногу ги мразел, пак, се: “Панталони, глупавиот рак, кога ме приклучуваат на хемотерапија, игли и мајмунски нос”.

Кога го прашале за смртта, како и за по неа, Гарет одговорил:

Прочитајте и:  Рециклирање електронски отпад до ретки метали

“Кога ќе умрам, сакам да бидам горила… Сакам моето тело да го изгорите и да биде претворено во стебло за да можам таму да живеам кога ќе бидам горила. Погребите се тажни. Јас на мојот сакам пет кучиња на дување, Бетмен и сладолед”.

На крајот од писмото, Гарет пишува: “Се гледаме подоцна, лузери”.

И колку е само во право! На крајот сите сме лузери. Но, тоа не значи дека во меѓувреме не можеме да победуваме, како него!

Во склад со неговите желби, погребот на Гарет бил во знакот на прослава на животот.

“Погребите не мора да бидат тажни. Иако сме очајни и скршени од загубата на нашиот син, прославата на неговиот живот беше неверојатно искуство”, вели мајка му.

А царов… Нека почива во радост на дрвото што ќе израсне некаде таму далеку каде што ќе го нема тоа глупиот рак.

PS. Фала им на Точка. Таму го запознавме малиов.

- Реклама -