Изгледа како будење на некакво огнено чудовиште, отварање на портите на пеколот, некаква вонземска огнена топка можеби, или крвава рана што сме ѝ ја нанеле на планетава. Но не е тоа.
Фотографијата е направена на 11 октомври 1969 година на Хаваи. Се работи за импресивна фонтана од лава висока 20 метри.
Зошто другпат немате видено вакво? Зашто вообичаено вулканите еруптираат лава во моќни млазови кои личат на фонтана, ама кога ќе излезе од контрола, или некој ќе ги подзатне отворите со дрвце. Меѓутоа, во овој случај на Хаваи, лавата избивала во совршено симетрична „куполна“ фонтана.
Фотографијата е направена од U.S. Geological Survey, а неодамна беше објавена под хаштагот Throwback Thursday (#TBT) на кој обично се постираат носталгични фотографии од минатото.
Конкретната ерупција е дел од ерупцијата на Mauna Ulu на вулканот Kilauea која траела (со прекини) цели 5 години, од мај ’69-та до јули ’74-та. Исфрлени биле 350 милиони кубни метри лава (доволно да наполните 140.000 олимписки базени).
Livescience