Домашни продукти за убавина и здравје

Домашните продукти се едноставни, а помагаат многу за подобрување на здравјето и разубавување. Ова се неколку основни состојки кои треба да ги имате во вашиот дом, а кои ќе ви помогнат во подготовка на многу домашни рецепти за здравје и убавина.

Кокосово масло

Го сакаме сите. Може да се искористи за омекнување на кожата, за бричење, за помека коса, но и за подготовка на различна храна и смути.

Есенцијални масла

Тие не само што мирисаат убаво, туку и придонесуваат за решавање на многу проблеми поврзани со кожата – сува кожа, акни, уморна кожа итн…

Јаболков оцет

Тој е одличен производ за внатрешна и надворешна убавина. Од негово конзумирање со мед и топла вода наутро, до чистење на лицето и измивање на косата – една состојка која носи многу бенефити. Јаболковиот оцет е антибактериски оцет кој придонесува за балансирање на Пх вредноста на кожата и косата и затоа е најдобро решение во борбата против првутот, акните и другите проблеми на косата и кожата.

Прочитајте и:  Диететичар: Почнете да правите 5 „лоши“ работи ако сакате да ги изгубите висцералните маснотии

Ши путер

Богат со витамини Е и А е супер состојка за вашата кожа и коса.

Мед

Едноставна состојка која е одлична за кожата, косата, но и здравјето. Придонесува за затворање на порите, омекнување на кожата, а е одлична состојка и за кожата која е склона кон акни. Освен тоа, се препорачува и за многу лекови за подобрување на здравјето – подобрување на имунитетот, болно грло и сезонски алергии.

Сода бикарбона

Содата е нашата омилена состојка за домот. Одлична за чиста кожа, ослободување од токсините, па дури и чистење на домот.

- Реклама -