Малото Ромче од култното хармоникашко дуо од култниот филм „Ко то тамо пева“ и денес работи нешто прилично симболично.
Ненад Костиќ имал 11 години кога со улогата во филмот ја освои југословенската публика. Во ’90-тите едно време работел како диџеј, потоа се вработил како полицаец, а денес…
Денес, почнувајќи од 2002 година, работи како возач на автобус во Белград. Е ај речете после дека не постои судбина..
Тие што го препознаваат (или прочитале што прави сега) до денес денес му довикуваат „Вози, Мишко!“. Многумина, очекувано, го зезаат и за ова погоре, дека автобусот му е судбина.
Во таа 1980 година, Ненад бил петто одделение. Во филмот се појавил зашто стрико му Миодраг го замолил да оди со него да снимаат филм, за да му направи услуга на свој пријател од војска – Слободан Шијан, кому ова му бил дипломски филм. И ете, ден денес, Ненад се плетка со автобуси.
Другар му Миодраг (постариот хармоникаш) до денес свири на хармоника. Погодете која песна сите му ја бараат да ја свири…