Моќта на маслинките

Маслинките се неверојатно корисни за здравјето, бидејќи се преполни со корисни масни киселини од групата на омега-3. Соединенијата во нив даваат сила на срцето и крвните садови. Маслинките се корисни и при дијабетес, бидејќи го намалуваат шеќерот во крвта и инсулинот.

Стручњак за здрав живот и фит форма, Стејн Браун им помогна на многу жени да го намалат вишокот килограми и да се чувствуваат одлично во сопствената кожа. Но, здравата телесна фигура и затегнато тело е многу повеќе од естетски проблем.

Стејн нагласува дека вишокот килограми може многу негативно да влијае на квалитетот на животот, а особено страдаат коленаtа и зглобовите, бидејќи тие го трпат најголемиот притисок.

Фитнес тренерот објасна дека дебелината и болеста на зглобовите се во тесна поврзаност, особено кога станува збор за остеоартритис, најчестата болест на зглобовите.

Остеоартритис е причина за онеспособување кај најмалку 10 % лица постари од 60 години, а само остеоартритис на колената предизвикуваат онеспособување како хронични срцеви и бело дробни болести заедно. Остеоартритис на зглобот е поврзан со дебелината, бидејќи зглобот кој е склон кон развој на остеоартритис, а според положбата на телото е еден од најоптоварените од телесната тежина.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Во една студија покажано е дека дебелината како ризичен фактор за остеоартритис на коленото делува прилично линеарно. Така што, колку е дебелината поголема, поголема е можноста за појава на остеоартритис. Ризикот е зголемен и кај лицата со поблаго зголемување на индексот на телесната маса.

Промената на телесната тежина, од нормална кон прекумерна носи поголем ризик за остеоартритис на колената и ќе биде потребно вградување на ендопротеза, истакнува Стејн Браун и додава дека физичкото вежбање и рекреација имаат позитивно влијание не само на зглобовите, туку и на цело тело.

- Реклама -