Како работи македонското CSI

„Пред неколку месеци нашите кучиња почнаа да копаат баш пред капијата… тогаш едното од кучињата извади нешто што личеше на коска од човечка рака…

Не можевме да веруваме дека се работи за дел од човек, но од друга страна, не можевме да се сетиме на ниту едно друго живо суштество што живее во Македонија а ја има истата форма на рацете. Па, бевме сомничави…

Решивме да ја викнеме полицијата. Ни пратија новајлија кој немаше појма што да прави, и буквално ја стави неговата рака до раката што ја најдовме само за да види дека големината е иста (можеби мислеше дека е рака од горила, којзнае).

Два дена подоцна истото куче продолжи да копа и најде вилица… Ние не сме експерти, ама очигледно беше дека ова беа човечки делови и некој беше закопан пред нашата капија.

Тогаш дојдоа од крим техника… Погледнаа во дупките, поставија толку многу прашања за кучето што ги најде деловите (мислам дека можеби беше осомничено)… и заминаа… Неколку дена подоцна истото куче го најде и ‘рбетот!!!

Ниту еден од деловите од телото не беше земен да биде испитан, туку беа оставени во истата стара ќеса за храна во која ги чувавме на безбедно додека да ги земе полицијата.

Три месеци откако нечие тело беше најдено од нашите кучиња, ние бевме оставени сами на себе да се погрижиме за останките од телото, кои смрдеа, па моравме да ги фрлиме… Па така, претпоставувам дека таму некаде има семејство што никогаш нема да знае што се случило со некој нивни близок…

(И после некој ќе ме праша зошто полицијата не прави ништо за животните. Појма немам!)

Ова е Македонија!“

Problem solved.

PS. Од името на 365: Текстот е земен од постов објавен на Фејсбук. За вистинитоста на раскажаното не гарантираме, ама нема ни да нé чуди дека во Македонија сé е можно.

 

- Реклама -