Интервјуто на Заев за Euronews (видео)

Спремни за 11 минути лош англиски?

Во 11-минутното интервју за Euronews, премиерот на нашата држава потврди дека преговорите се фокусирани на името, додека за идентитетот не се преговара и дека нема потреба да се менува Уставот. Што се однесува до јазикот, рече дека во тоа поле можеме да очекуваме најмногу разбирање, така што пак сé се сведува на името.

Ама, и покрај уверувањето дека идентитетот не е на преговарачката маса, премиерот на нашата земја ниту еднаш не спомна „Македонија“, „Македонци“, „македонска страна“, „македонски јазик“ и сл. Ама спомна „нашата земја“, „нашиот јазик“ и сл. Немаше проблем да изусти „Грција“, „грчка страна“, „Грци“.

Спомна и дека немаме територијални претензии, и дека им ги сакаме само плажите. Спомна дека во 2017-та дури милион „наши луѓе“ ја посетиле Грција. Спомна и дека сега кога аеродромот се вика Меѓународен аеродром Скопје, исполнети се сите услови за Коѕијас (или Коцијаш, ко што го вика премиерот на нашата земја) да дојде со авион и да ја посети нашата земја.

- Реклама -