Колку ќе ти порасне брадата ако не ја избричиш цел живот (и други занимливости за брадите)

Во последниве години брадите уживаат нова популарност, а во продолжение следуваат неколку занимливости, од кои дел покажуваат и дека не било секогаш така.

• Абрахам Линколн бил првиот претседател на САД кој носел брада. Повод било писмото од 11-годишно девојче кое му рекло дека подобро би изгледал со брада.

• ЦИА му ставала талиум во чевлите на Фидел Кастро за да му падне брадата и да не изгледа толку влијателно.

• Брадата може да блокира и до 90% од штетното УВ зрачење од сонцето.

• Во 17 век Петар Велики вовел данок на брада во износ од 100 рубљи. Тој што ќе го плател добивал медалјон со потврда за уплатата, со натпис „брадите се бескорисен товар“.

• Хормонот дихидротестостерон – кој е заслужен за растот на брадата, исто така е и главен виновник за опаѓање на косата.

• Во среден век, допирањето на брадата на друг маж било сметано за сериозна навреда, која често се решавала со двобој.

• Најдолгата брада му припаѓала на Ханс Лангсет, долга 5.3 метри. Денес е изложена во институтот “Smithsonian” во Вашингтон.

• Брадата побрзо расте на сонце и во текот на летото.

• Ото Велики – римски цар, за сите големи изјави се колнел во својата брада.

• Многу студии велат дека жените ги сметаат брадестите мажи за помалку атрактивни (што е во најмала рака спорно), но затоа ги сметаат помудри, посилни и повеќе ги почитуваат од бричените.

• Бричењето не влијае на брзината на растење на брадата, ама ни на цврстината на брадата.

• Меѓу 2008 и 2013 година, растот на популарноста на брадите доведе до пораст на трансплантацијата на брада за 600%.

• „Стравот“, т.е. екстремната одбивност кон брада се вика погонофобија.

• Во просек брадата расте за околу 1.3 сантиметри месечно.

• Кралот срце во картите е единствениот крал кој има брада, ама не и бркови.

• Сер Томас Мор за време на својата егзекуција со сечење на главата ја тргнал брадата од гилотината, со зборовите: „Таа никогаш не извршила предавство“.

• Просечен маж што преферира да биде бричен, во својот животен век троши над 3.350 часа на бричење.

• 98% од листата на најбогати на Форбс ја сочинуваат избричени мажи.

• Брадата расте побрзо кога мажот подолго време немал секс.

• Најдолгата измерена женска брада била долга 30 сантиметри.

• Просечниот број на влакната во брковите на лицето е околу 30.000.

• Ако маж никогаш не се избричи, брадата може да му достигне и до 8.4 метри.

- Реклама -