Епа ако сега не одиме на Европско во фудбал, никогаш!

Александар Хлеб ни извлече супер-лесна група, е по ова нема оправдување. Едноставно, МОРА да завршиме први и да одиме на ЕП.

Еве како изгледаат новите квалификации за ЕП.

Не се задоволуваме ни со трето ни со второ место.
Според правилата, четири победници од секоја група ќе играат на фајнал фор во полуфинале и финале. Победникот од овој Фајнал фор обезбедува директно учество на Европското 2020.
Еве ја нашата група:
Лига Д

Група Д1: Грузија, Латвија, Казахстан, Андора.

Група Д2: Белорусија, Луксембург, Сан Марино, Молдавија.

Група Д3: Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово.

Група Д4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар.

По два натпревари од групата ќе се играат во септември (6-8, 9-11), октовмри (11-13, 14-16) и ноември (15-17, 18-20) годинава.
Нашиот претставник во лозана, Сашо Чириќ вели дека сме фаворити

„Задоволни сме од групата па сметам и лично јас па и на хартија дека сме фаворити. Повеќето од противниците ни се познати, а Ерменија ни е најголем ривал“
Еве ги и останатите групи.
Лига Ц:
Група Ц1: Словенија, Норвешка, Бугарија, Кипар.
Група Ц2: Унгарија, Грција, Финска, Естонија.
Група Ц3: Шкотска, Албанија, Израел.
Група Ц4: Романија, Србија, Црна Гора, Литванија.

Лига Б:
Група Б1: Словачка, Украина, Чешка Република,.

Група Б2: Русија, Шведска, Турција.

Група Б3: Австрија, Босна и Херцеговина, Северна Ирска.

Група Б4: Република Ирска, Велс, Данска.

Лига А
Група А1: Германија, Франција, Холандија.
Група А2: Белгија, Швајцарија, Исланд .
Група А3: Португалија, Италија, Полска.
Група А4: Шпанија, Англија, Хрватска.

- Реклама -