Се сеќавате кога Германија ни се извади во последните минути во 2012 (Видео)

Денеска Македонија го игра петиот официјален натпревар против Германија. Имаме играно против нив и на СП и на ЕП.

На денешен ден, 17 јануари пред точно шест години, на ЕП во Србија, Македонија загуби со 23:24, а последниот напад го имаше нашата репрезентација.

Кире шутна од голема далечина, топката удри во пречката и се одби во зад гол линијата, па како од катапулт излезе надвор од голот.

Судиите не го признаа навидум регуларниот гол, а и тогаш немаше видео технологија.

Денеска, по тоно 6 години, судбината повторно не спојува со истиот противник. На двете страни истите имиња на репрезентации но сосема нова игра, нов и поинаков ракомет од тој тогаш.

Прочитајте и:  Германската полиција се подготвува за немири на 7 октомври

Да се потсетиме на одлучувачките моменти од натпреварот пред 6 години во Ниш.

- Реклама -