Конечно и тоа дочекавме – францускиот велосипедист Робер Маршан (а поранешен пожарникар) да ја заврши велосипедската кариера. Ќе оди во пензија со полни 106 години.
Минатата година, Маршан за час и нешто помина 22.53 километри, и со тоа постави светски рекорд за возачи постари од 105 години. Сепак, неговата главна цел, како што објасни за новинарите, беше да покаже дека годините не се пречка за спортски резултати и дека и тие во одминати години можат да се бават со спорт.
„Не сум овде да соборувам рекорди. Ова го правам за да докажам дека и на 105 години сé уште можете да возите велосипед“, рече тогаш Маршан.
Од денешен аспект слободно можеме да заклучиме, Маршан својата работа ја заврши – докажа дека некогаш ни е до главата, а не до годините.