Неколку дена откако Volkswagen Golf VII беше официјално претставен, пристигнуваат информации за различни негови модификации. Во случајов станува збор за модификација на набилданиот хечбек – GTI, за чија конструкција ќе се користат лесни метали како алуминиум и карбон. Оваа верзија ќе се појави на пазарот по околу две години.
Повикувајќи се на свои извори во германскиот концерн, домашните медиуми открија дека блокот на моторот ќе биде од алуминиум, а истиот материјал ќе се користи повеќе и за рамките на ветробранските стакла и подот.
Капакот и покривот на машината ќе се од карбон, што ќе помогне вкупната тежина на машината да се намали на 1,1 тон. Тоа е за околу 200 килограми помалку од Golf VI GTI.
За правење на покривот ќе се користат два слоја плексиглас, меѓу кои ќе биде ставен лист лесен челик. Ова ќе овозможи тој да се произведува на иста лента од која ќе излегува и стандардниот Golf VII.
На овој начин ќе се избегнат дополнителни трошоци за производство. Целта на инженерите на Volkswagen е автомобилот да постигне едноставност, динамиката и маневрирање на првиот GTI кој тежешше само 810 кг.
Моторот на „лесниот Голф “ ќе биде ист како и кај вообичаениот GTI – 2,0 литарски турбомотор со моќност 225 КС. Модификација ќе биде со преден погон, но ќе добие Haldex спојка од петтата генерација, кој сега се става само во верзиите со погон на четири тркала.
Прототипот на оваа модификација на Golf VII GTi веќе е тестиран на патеката во Нирбургринг, а постигнал време за 7 секунди по круг побрзо од стандардниот GTI.
Објавено во соработка со Авто Плус.