Кутињо е новиот играч на Барселона

Барселона и Ливерпул конечно се договорија за трансферот на Бразилецот, Фелипе Кутинњо за сума од 142 милиони фунти.

Кутињо ќе се приклучи на Каталонците за натпреварот против Леванте во недела, откако тој денеска не одлета со неговите колеги од Ливерпул во Дубаи.

Основната сума на трансферот е 106 милиони фунти плус додатни 36 милион фунти во бонуси, од кои 26 милиони лесно би се оствариле. Дополнителни 17 милиони фунти Барселона ќе треба да исплати на Ливерпул по првите 100 натпревари на Кутињо, односно 4,4 милиони фунти на секои 25 натпревари.

Дополнителни 4,4 милиони фунти се бонус за пласман во Лигата на Шампионите во првите две сезони со 4,4 милиони фунти бонус за освојување на првенството.

Кутињо во Барселона ќе заработува по 12,1 милиони фунти годишно.

Трансфер сагата за Кутињо траеше шест месеци, откако првично Барселона во текот на летото се обиде да го ангжаира Бразилецот, но Ливерпул беа децидни дека нема да го продаваат.

Сепак, играчот остана одлучен во намерата да ги напушти „Црвените“.

- Реклама -