Малце е смешно денес да се плашиш од забари кога ќе споредиш што сé трпеле луѓето порано кога имале проблеми со забите.
Со векови и векови, „стоматологија“ не работеле специјалисти како денес, туку „талентите“ со „лесна рака“ и бербер-хирурзите. Да, берберите во средновековна Европа правеле и операции; или си знаел да сечеш сé, или не те бивало ни за бербер – мислеле тогаш. Стапката на смртност при денталните интервенции била… погодувате? Висока.
Дури и по Ерата на просветителството и индустриската револуција, иако забарството значително напреднало, од денешен аспект сé уште делува како хорор. За почеток, анестетици ретко имало, а заби се ваделе онака, „на суво“. Заби се ваделе и за било каков проблем, дури и ако се работело само за болка од зезната инфекција на непцето.
Дури и кога забарството влезе во 20-ти век, и со тоа стана прилично поблиско до тоа денес, пак не изгледа како нешто на што денешен човек би се нафатил, освен ако мора. Видете и сами.
Другово во продолжение ви е колку-толку познато.