Балотели ќе се врати за натпреварот со Реал, по операцијата на очите

Италијанскиот напаѓач од редовите на Манчестер Сити, Марио Балотели, успешно ја мина операцијата на очите за подобрување на видот и се очекува да може да се врати на тренинзи за околу десет дена.

Ова значи дека Балотели ќе биде подготвен за настап против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, иако претходно се шпекулираше дека би можел да паузира и цел месец.

„Операцијата мина успешно, а тој уште утринава откако сè заврши ме праша дали може самиот да вози кога ќе си оди дома. Но, јас го посоветував да биде совозач барем неколку денови. Инаку, сè е во ред со него, и Марио Балотели сега ќе гледа како сокол“ изјави доктор Скури кој ја правеше операцијата.

- Реклама -