Црниот ретро телефон што редовно спречува Трета светска војна

Навиум обичен, воопшто невпечатлив црн телефон произведен некаде во ’90-тите. Но всушност, преку овој телефон се одвива клучната комуникација меѓу руските и американските сили во Сирија, комуникација која секојдневно помага да не дојде до Трета светска војна.

Во било кој даден момент на небото над Сирија, американските авиони можат лесно да се најдат во дометот на руските МИГ-ови, и обратно. Како што наведува Вашингтон Тајмс, понекогаш Москва и Вашингтон комуницираат преку овој телефон и до 20 пати дневно, со цел да се спречи судир меѓу нивните воздушни сили.

Некои од тие повици се однапред планирани, објаснува еден американски генерал-мајор, но понекогаш Русите едноставно ќе се јават и ќе речат: „Планираме таму и таму да изведеме напад. Има ли таму доле ваши?“. Тоа усогласување е неопходно за да не ги нападнеме нивните војници, или тие нашите, додава генералот, кој истовремено е искрен и дека тоа е многу заморна задача, особено што Москва и Вашингтон имаат различни цели.

На небото над Сирија делуваат руски, сириски и турски авиони, авиони и дронови на американската коалиција, како и ирански дронови. На копното е уште позаплеткано. Во регионот делуваат толку многу различни групации, што чиновниците во приватните разговори често ја споредуваат ситуацијата со случувањата во „Game of Thrones“.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

„Ако ви дадам минута да ги запишете сите играчи кои се активни на северозападот на Сирија, убеден сум дека нема да успеете. Искрено речено, таму има многу страни, а сите имаат различни цели“, вели командантот на британската авијација – Џони Стингер.

Според американските команданти, колку што се намалува територијата под контрола на ДАЕШ (ака. ИСИС/Исламска држава), толку повеќе се компликува воздушниот простор над Сирија. Интересите на САД и Русија моментално се судруваат во една точка, во мал воздушен квадрант.

„Се бавам со операции на фронт веќе 23 години, и не се сеќавам некогаш ситуацијата на копното и на небото да биде позаплеткана. Кога сé се случува при брзини од 800 километри на час, растојанието се намалува многу, многу брзо“.

- Реклама -