Претставници на најголемите германски автомобилски брендови се сретнаа во Берлин со германската влада. Двете страни разговараа за начините и можностите за намалување на емисиите на NOx од дизел автомобилите.
Производителите ќе се обидат да го задржат дизелот на пазарот, бидејки моделите кои се произведуваат со овој тип на агрегати претставуваат повеќе од 40 проценти од вкупната продажба во земјата. Нивниот предлог ќе биде софтверско ажурирање на дизел автомобилите со Euro 5 и Euro 6 норми, со што се намалува износот на емитирани емисии на азотен оксид за најмалку 25 проценти во просек.
Балансирањето на проблемот во автомобилската индустрија е многу важно за германската економија, бидејки секој петти вработен во земјата работи во овој сектор, а сумите кои се заработуваат со извоз во овој сегмент се исто многу битни.