Borgward ја оживува Isabella

Еден од најубавите модели во германската автомобилска историја ќе се здобие со наследник, најавуваат од Borgward. Имено на Facebook профилот се појави на фрагмент од предниот дел на автомобилот со лаконски коментар She is back! („Таа се врќа!”).

Познавачите се согласуваат дека “таа” може да биде само елегантната Isabella произведена меѓу 1954 и 1962 година со каросерија седан, купе, кабриолет и комби. Моделот беше опремен со 1.5-литарски четирицилиндерски мотор со моќност од 60-75 КС и мануелен менувач со четири брзини.

Самата марка Borgward беше препородена во 2015 со помош на кинески инвеститори, 54 години по банкротот на компанијата, основана од Карл Боргвард. Во моментов палетата вклучува кросовери BX5 и BX7, кои се произведуваат во Бремен.

- Реклама -