Британската фирма Ubitricity започна интересна иницијатива, благодарение на која електричните возила ќе можат да се полнат од уличните столбови за осветлување. Проектот нуди многу предности, соопшти Fast Company.
Главната поента на предлогот на Ubitricity е зачувување на постојната градска инфраструктура. По улиците нема да се појавуваат дополнителни капацитети и елементи, а само ќе се модернизираат постојните столбови со осветлување, што нема да чини многу пари. Според еден од основачите на компанијата, Кнут Хефтишер, само Ubitricity во моментов располага со мали уреди кои лесно можат да бидат ставени во уличните столбови. Значи клиентот ќе има потреба само од кабел за полнење, кој лесно може да се стави во багажникот.
– Решението е едноставно и елегатно. Во САД, на пример, каблите се вградени во самите станици за полнење, кои не секогаш се наоѓаат на практични места за сопствениците, но ја извршуваат својата функција, коментира Хефтишер.
Компанијата веќе модернизира 82 улични столба во главниот град на Велика Британија. Сега во Ubitricity се подготвуваат да поднесат иновативен проект и во САД.