Компанијата Rolls-Royce објавува прва фотка на осмата генерација на моделот Phantom. Премиерата на машината, која ќе стане најскапиот сериски модел во историјата на марката, ќе се одржи на 27 јули оваа година.
Новиот Phantom ќе се нуди во стандардна, но и во продолжена верзија, кај која должината ќе надмине 6 метри. Автомобилот доби сосема нов тип конструкција, која е направена од алуминиум и карбон. Ова ќе и овозможи на машината да биде значително полесна од својот претходник. Ако се суди според фотографијата, седанот ќе добие ситни измени и во изгледот. Тој ќе се одликува со подолг капак и различна оптика. Промените ќе влијаат и на решетката на ладилникот, браниците и инструменталниот панел.
Осмата генерација на Rolls-Royce Phantom ќе се потпира на модернизираниот 6,75-литарски мотор V12 со две турбини. Моќноста на агрегатот ќе е околу 600 КС. Предвидена е и хибридна верзија. Сегашната верзија на луксузниот модел се потпира на 6,75-литарски мотор со 460 КС.