Автомобилска боја што сама се регенерира

Дали сте слушнале за автомобилска боја која се обновува сама? Да  постои, а нејзиното име е Scratch Shield. Се користи кај поскапите модели на Nissan и практично ги брише сите мали гребнатини и различни ситни пукнатини на бојата.

Технологијата е таква што благодарение на интеракцијата на воздухот и ултравиолетовите зраци, малите пукнатини и гребнатини на бојата се самопополнуваат. Може е навистина чудно, но овој вид на боја не е особено популарен во автомобилската индустрија.

Уште поневообичаено е дека не се користи и за други мобилни средства. Секако, саморегенерирачка автомобилска боја има и свои недостатоци. Таа е скапа, а дејството и трае само три години. Има и уште еден минус – немоќна е во случаите на подлабоки гребнатини.

- Реклама -