Во сосема блиска иднина може да се појави многу сериозен преоблем од недостиг на батерии за електромобилите, предупредува анализата на Volkswagen Group. За да се спречи, потребни се не една, туку барем 40 фабрики со размери на онаа што ја изградија Tesla и Panasonic, се вели во анализата.
Прогнозата е направена на база на сопствените планови на VW за развој на електрични возила. Концернот планира до 2025 година барем четвртина од продажбата да паѓа на модели без мотор со внатрешно согорување.
– Ќе ни бидат потребни бетерии со повеќе од 200 гигаватчаса, потенцира Улрих Ајхорн, шефот на развојниот оддел на VW. Таков капацитет би стигнал да напојува една сијалица за 285.000 години. Ако и останатите водечки автомобилски производители си постават слични цели за до 2025 година, вкупната потреба од батерии ќе достигне 1,5 терават-часови годишно. Кога ќе годостигне својот целосен производствен капацитет, Гигафабриката на Илон Маск ќе може да произведува 35 гигаватчаса. Тоа значи дека капацитетот на Гигафабриката на Tesla воопшто нема да е доволен за побарувачката по 7-8 години.
Слични прогнози објаснуваат и зошто многу производители на автомобилски компоненти размислат дали да не се насочат кон производство на батерии. Во Robert Bosch се заинтересирани за иновативната технологија на т.н.. „тврди” батерии кај кои нема течен електролит и тежината и волуменот се намалуваат значително. Инженерите на Volkswagen пак работат на литиум-воздушните батерии кои би можеле да понудат подолготрајно и побезбедно решение. Ајхорн сепак предупредува дека развојот за овие батерии најверојатно ќе потрае 15 години, пред и двете технологии да бидат подготвени за масовна употреба.