Mercedes-AMG А класа ќе добие импресивен мотор

Идната AMG-верзија на Mercedes-Benz A класа најверојатно ќе ја врати титулата „најмоќен хечбек“ на планетата. Германскиот производител работи на втората генерација на автомобилот, кој ќе добие импресивен мотор.

Според информациите, проектот за создавање на нов хот-хеч го доби името The Predator (предатор). Автомобилот ќе го задржи 2.0-литарскиот бензински турбомотор, кој сепак ќе биде значенително модернизиран. Се очекува силата да надмине 200 КС на литар работна зафатнина, што значи дека со 400 КС под хаубата новиот Mercedes-AMG A45 ќе биде најмоќниот сериски хечбек во историјата на брендот. Моторот ќе добие ново поглавје на блокот на цилиндрите, како и посебен систем на турбината која ќе се комбинира со електричен компресор. Тој ќе обезбедува доволен вртежен момент на ниски вртежи. Благодарение на тоа хот-хечот ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 4 секунди (сега тоа време е 4,2 секунди).

За возилото е предвиден и нов менувач со две спојки, како и преработен систем за погон на четири тркала со функција за векторизациja на вртежниот момент. Веќе се знае и друго, во Афалтербах каде е седиштето на AMG, работат и врз достапна модификација на хот-хечot. Таа ќе се вика A32 или A36, a ќе добие ист мотор, но со моќност од 300 КС.

Автоплус

- Реклама -